недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 3 ново

Путин откри како се спасил од атентат: Каков огномет? Нападнати сме… (видео)

Во новиот документарец за рускиот претседател Владимир Путин, кој го направил новинарот Андреј Кондрашов, претседателот на Русија се потсетил на инцидент од 2000. година, во кој неговиот хеликоптер бил нападнат над Чеченија.

Во тоа време Путин бил вршител на должноста претседател на Русија, и се наоѓал во Чеченија, за време на новогодишната ноќ каде им честитал на заедничките сили на руските сојузнички сили.

Првиот човек Чеченија, Рамзан Кадиров, рекол дека тоа биле опасни времиња за Русија.

“Хеликоптерот не можеше да слета”, рекол тој во документарецот објавен на руските социјални мрежи.

Официјалното соопштение било дека чартер летот не бил во состојба да слета поради лошото време, но тоа што навистина се случило е дека хеликоптерот влегол во оган.

“Претпоставив дека тоа е огномет бидејќи беше новогодишна вечер, но пилотите рекоа: Каков огномет? Нападнати сме”, рекол Путин.

За тој настан зборувал и Игор Сечин, извршен директор на “Росњефт”, а тогаш заменик шеф на претседателската администрација. Според неговите зборови, на хеликоптерот на Путин му било наредено да слета на друго место и обезбеден му бил друмски транспорт, и покрај тоа што речиси сите патишта биле минирани.

“На враќање една мина експлодираше, но за среќа никој не беше повреден”, рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top