недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Наградените композитори си ги бараат договорите за откуп на музички композиции од Министерство за култура

Композиторот Сони Петровски на својот Фејсбук профил во име на наградените композитори на конкурсот на Министерството за кулутра за откуп на музички композиции упати барање до Министерството за култура за доставување на решенија и договори до наградените автори. Тој вели дека не знаат од кои причини досегашната практика не е почитувана. Го пренесуваме обраќањето во целост.

До: Министерство за култураRobert Alagjozovski Petrit Amon Mra Saracini
Од: Добитници на наградите на Конкурсот за откуп на музички композиции во 2017 година

Почитувани,

Врз основа на член 64 ставови (1) и (2) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/2014 61/15, 154/15 и 39/16), Министерството за култура распиша Конкурс за откуп на музички композиции во 2017 година, објавен на веб страната на Министерството на 6 април 2017 година.

На 18 јануари 2018 година на веб страната на Министерството за култура и преку повеќе јавни медиуми и портали беа објавени следните наградени автори и дела:

Во категоријата Композиција за мелодиски инструмент – дувачки, првата награда ја доби композиторот @Благој Цанев. Во категоријата Композиција за хармонски инструмент стручната комисија додели две награди, прва награда накомпозиторот Никола Коларовски и втора награда на композиторот Jana Andreevska. Во категоријата Композиција за мешан хор доделени се две награди: првата награда ја доби композиторот Andrej Blazevskiи втората награда и припадна на композиторката Valentina Velkovska-Trajanovska. Во категоријата Композиција за квартет е додеелена само прва една награда на композиторот Dragan Stojkovski.
За најдобри композиции во категоријата Композиција за дувачки квинтет, се на композиторите, Валентина Велковска Трајановска, која ја доби првата награда и Goran Nachevski со добиена втора награда. Во категоријата Композиција за камерен состав од шест до девет инструменти се доделени три награди на композиторите, Ana Pandevskaза прва награда, втора награда за Андреј Блажевски и Bojana Petrovic Aleksova наградена со трета нагарада.
Во категоријата Музичко – сценска композиција за Танец стручната комисија ја додели единствената предвидена награда во таа категорија на композиторот Todor Trajcevski. Во категоријата Композиции за оркестар доделени се три награди: прва награда на композиторот Filip Ivanov, втора награда на композиторот Илија Б. Илиевски и трета награда на композиторот Ана Пандевска. Во категоријата Композиции за солист и оркестар, (дувачки инструмент, глас, перкусии) стручната комисија ја додели единствената награда предвидена во таа категорија на композиторот @Панде Шахов. Во категоријата Композиции за Детски циклус за оркестар стручната комисија ја додели единствената предвидена награда во таа категорија на композиторот Филип Иванов. Во категоријата Композиции за Мјузикл за деца единствената предвидена награда ја доби композиторот Kokan Dimushevski. Во категоријата Композиции за Балет, единствената предвидена награда му припадна на композиторот Soni Petrovski.

Наспроти досегашната пракса во изминатите конкурси да се достават решенија и договори до наградените автори, тоа до сега не е направено од причини кои нам не ни се познати. Поради тоа се обраќаме до Министерството надлежно за споредување на Конкурсот и довршување на постапката, односно да се достават договори до наградените автори согласно објавените резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top