петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Лордан Зафрановиќ ќе гостува на ФДУ

Факултетот за Драмски Уметности организира средба со еден од најдобрите и најпровокативни режисери на овие простори – Лордан Зафрановиќ. Познат е по филмовите “Окупација во 26 слики” и “Падот на Италија” и добитник е на многу награди.

За себе и за својата работа тој вели:
“Почнав многу рано како филмски аматер и сметав дека филмот е светост. Ако му се посветиш и ако преку него говориш за некои конкретни работи за животот околу тебе, тогаш си направил многу. Вистината и само вистината може да изнедри дела кои ќе останат да говорат на генерациите после нас. Бранејќи ја вистината го бранев човековото достоинство. И сопственото и на луѓето со кои работев. За сето тоа платив висока цена, но денес ми се чини дека тоа, да се говори вистината, беше нужно.”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top