сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Во Министерство за здравство не можете да пријавите неправилност

Ако имате мака со јавно здравство, ако се соочите со реалноста во здравството и кога ќе пробате да пријавите ќе станете очајни. Сервисот „Пријави неправилност“ на Министерството за здравство не работи! Толку за нивната декларирана транспарентност, достоинственост и одлучност. Како до фотељашите од Министерството да допре вашиот глас?, шишува порталот „Фактор.мк“.

Ако сакате да пријавите неправилности или поплака во македонскиот здравствен систем и влезете на веб страницата на Министерството за здравство и го кликнете линкот на кој пишува „пријавете неправилност“, кој не е на првата страница и треба да се бара, ќе отвори страница на која пишува „Побараната содржина не е пронајдена. Обидете се повторно.“ Ова е линкот на кој може да се провери дека „Фактор“ ја кажува вистината.

Доколку сте упорни, а прашањето е областа на делување и на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и се обратите да пронајдете мејл адреса на која ќе се обратите, најпрвин ќе се охрабрите од приемчивоста на сајтот. На десната страна голем банер на кој пишува со големи букви ПРИЈАВЕТЕ НЕПРАВИЛНОСТ кликате на него и тогаш следи разочарувањето затоа што се отвора следниот линк  на кој пишува „Побараната содржина не е пронајдена… Страната што ја побаравте не може да се најде! Побарајте дали содржината што ја баравте е во линковите подолу“.  Но линкови нема и не можете да пријавите неправилност. На сајтот на овој инспекторат нема ниту мејл адреса за да доставите информација (да остане траг дека сте пријавиле нешто за кое цените дека е неправилно и дека се сомневате).

Како министерот Венко Филипче планира да ги подобрува состојбите во македонското јавно здравство кога не може да добива импут информации за мислења од граѓани и паталциво македонскиот здравствен систем?

Дали продуктивно и наменски се трошат граѓанските пари преку здравствениот буџет, проверува ли некој какво е нивото на услугата во македонските јавни болници?

Проверува ли некој колку се задоволни пациентите?

Проверува ли некој дали бројот на помошен медицински персонал низ болници е доволен? Може ли еден болничар да опслужи 20 -25 пациенти во смена???

Зошто се случува одделение на една болница да нема хигиеничарка четири дена по ред да не ги исчисти собите во кои се хоспитализирани пациенти со мозочни удари? (Лицето што го пријави случајот на „Фактор“ е достапно на редакцијата, но не може да пријави кај државните надлежни органи оти сервисите не работат)

Нормално ли е да купувате лекови на приватно за да ги прима ваш родител кој е хоспитализиран со дијагноза мозочен удар?

Министре Филипче затоа што не работи сервисот за пријави на неправилности Ве очекуваме да одговорите и да го објавиме во целост вашиот одговор! 

Нормално е како даночни обврзници да очекуваме ова прашање Владата да го стави на приоритет на својата агенда. Преку сервиси за пријавување и реагирање реално ќе согледаат на што се трошат повеќе од 300 милиони евра годишно?

 

извор: фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top