сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Мицкоски на средба со граѓаните од Конче и Вељуса

Состанок со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Конче. Разговаравме за нивниот живот, условите и предизвиците со кои се соочуваат.

Ми раскажаа за нивните маки, за проблемите во земјоделието и тешките услови за живот. Велат, бесперспективноста и игнорирањето од владата се работите кои го зголемуваат нивниот револт.

Тоа мора да се промени. Конче мора да добие шанса за развој и да биде во фокусот на вниманието на властите како што мора да бидат и сите други делови од нашата држава, Македонија.

На средба со граѓаните од Вељуса и членовите од месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме за актуелните случувања, и заеднички се согласивме дека поминаа 10 месеци со понижувања и урнисувања на сето она што било претходно создавано.

Имаме власт водена од човек кој потекнува од струмичкиот крај, кој нема чувство за она што е интерес на оваа држава, и на овие граѓани. Имаме урнисана економија, на дното сме по економскиот раст, на врвот сме на листата за корупција во Европа.

Згора на тоа имаме и најави за шверцерски обиди за донесување на неуставен закон за јазици. Ова се постапки од кои еден ден ќе се срамат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top