понеделник, 18 јуни 2018 | Вести денес: 26 ново

Ограбена Цементарница „Усје“: Штетата е 850.000 денари

Цементарница Усје АД, вчера пријавила дека во периодот од 1 јануари до 8 март годинава во фабриката била извршена тешка кражба на резервни делови кои се користеле во процесот на производство.

Случајот во полиција бил пријавен вчера, а се уште не е познат сторителот, кој од магацинот кој се наоѓал во кругот на фабриката одзел 55 парчиња РОСТ плочи и 35 парчиња надворешен излезен сегмент за печка.

Вредноста на украдените работи изнесува 850.000 денари.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top