среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 81 ново

Тајна чувана 15 години: Раните на Ѓинѓиќ ја поткопуваат официјалната верзија на убиството

Неговата влезна рана е од десната страна повисоко, а од левата пониско. Значи погоден е од висина од неговата десна страна. Ако влегувал со лице, тогаш е погоден не од од Гепратова туку од Бирчанинова. Ми остана дилемата дали тој влегувал со лице или со грбот завртен кон Владата…

Иако беше пред 15 години, го паметам тој 12 март 2003 година како да беше вчера. Додека излегував од операционата сала на својата клиника за кардиологија и одев кон канцеларијата го слушнав звонењето на телефонот. Се јавуваше секретарката на тогашниот директор на КЦС итно да дојдам во Ургентниот центар. Прашував зошто, каде, бидејќи Ургентниот центар е голем и има доста приемни амбуланти, а таа само рече: Само побрзајте се ќе ви биде јасно, пишува курир.рс.

Додека одев од Клиниката до Ургентен веднаш ми стана јасно дека се случило нешто страшно, просторот беше исчистен, забранет за минување на граѓаните а секаде наоколу имаше вооружени полицајци и вијници. Влегов во салата за реанимација и го здогледав премоерот Зоран Ѓинѓиќ на количката. Беше соблечен до половина. погоден во градите, две рани-влезна и излезна. Многу блед. Без тензија и пулс-ја почнува приказната проф.др. Миљко Ристиќ, кардиохирург кој учествуваше во операцијата на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.

Рамна линија на мониторот

Количката на која лежел премиерот лекарите веднаш по доаѓањето на Ристиќ ја изтуркале до операционата сала на првиот кат.

– Мониторот покажуваше рамна линија. Но, не ја доведувавме во прашање одлуката да го оперираме. Најлесно е да речете дека нема ништо од таков пациент. Меѓутоа, се обидувате, семтате дека некој пат можеби ќе се случи чудо, можеби ќе има среќа да не се вклопи во медицинските правила, туку дека мозокот ќе може да се опорави. Знаевме дека секоја минута е пресудна, брзо сме го отвориле, имаше голема рана на срцето, страшно беше погоден со некаков проектол со разорна моќ. Го зашивме, но не можеше да се воспостави циркулација иако дотокот е работен низ две големи вени на вратот – раскажува Ристиќ и додава дека дека тоа укажуваше дека крвари уште некаде во организмот:

-Тогаш го отворивме и стомакот немавме што да изгубиме. Стомакот беше полн со крв, а јетрата беше распарчена на стотина прачиња. Веќе беа исчезнати елементите на мозочна смрт, така што понатамошните  обиди да се воспостави циркулација стана невозможни. Ако нема проток на крвта до мозокот три-пет минути, тој мозок е изгубен засекогаш. Тоа е мозочна смрт. требаше повеќе од пет минути само да го донесат од Немањина до ургентен. Било кој да се наоѓаше тука, не би можел да му помогне.

Докторите од салата, како што вели Ристиќ, излегле како покиснати. Нему, како што истакнува му било чудно што не добил повик во текот на истрагата.

Недоумици

– Бидејќи ред е сепак да се повика и лекарот кој го оперирал. неговата влезна рана е од десната страна повисоко, а излезната е од елвата страна пониско. Значи погоден е од висина од неговата десна страна.Ми остана дилема дали тој влегувал со лицето или со грбот завртен кон зградата на Владата. Бидејќи ако влегувал со лице тогаш е погоден не од Гепратова, која во тој случај е од негова лева страна, туку од Бирчанинова улица која е од неговата десна страна. Официјално е погоден од Гепратове улица . Тоа значи дека влегувал со грбот свртен  во зградата. Можно е поради патерицата стоел со грбот свртен кон вратата на Владата, раскажува Ристиќ и додава дека не му е познато дали било кој од екипата лекари се повикани:

– Можеби им бил доволен извештајот од обдукцијата. Не знам дали во тој извештај е констатирано дали премиерот влегувал со лицето или со грбот свртен кон Владата.
Надвор од процедурата

Лекарите, иако тоа не е пракса, не му соопштиле на семејството дека премиерот починал и им било прачано да не даваат никаквио изјави за тој случај. За убиство на 40 години е осуден Звездан Јовановиќ, а на иста казна поради организирање на атентат е осуден и пранешниот командант на ЈСО Милорад Улемек. Политичката позадина  на убиството на Ѓинѓиќ не е откриена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top