понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 9 ново

Груби: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да гласа „за“ за Законот за јазици, тие се негови коавтори со ДУИ и со СДСМ

 

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби денеска повтори дека законот за јазиците оваа недела треба да се донесе и вели дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да гласа „за“.

Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да гласа за законот за јазиците во Собрание, бидејќи тие, заедно со нас и со СДСМ се коавтори на законот и потписници на Рамковниот договор. Со гласањето ‘за’ законот ќе го покажат новото лице на ВМРО-ДПМНЕ, посебно во однос на албанската заедница, но и кон меѓународната заедница.

Ова им е прва и одлична шанса да покажат дека си ги надминале предрасудите и дека прераснуваат од архаично-конзервативна партија во модерна десничарска граѓанска опција. Сѐ друго би било груевизам, изјави Груби за МКД.мк.

Груби вчера на средбата со амбасадорот на Италија, Карло Ромео, рече дека ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго од законот за јазиците и затоа дојде време деновиве да се затвори ова прашање со што успешно ќе се заокружи нормативниот дел на Рамковниот договор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top