недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 68 ново

Мицкоски на кафе со младите струмичани: Невработеноста и бесперспективноста се нивниот главен проблем (ФОТО)

Од денес, па во наредните неколку недели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски започнува интензивни теренски посети низ градовите и селата на средби со граѓани.
Мицкоски најпрво ќе го посети струмичкиот регион. Тој веќе се сретна со младите во Струмица, а во текот на денот ќе го посети Конче, па Вељуса, а на крајот од денот ќе одржи и состанок со општинскиот комитет на партијата во Струмица.

„На кафе со младите во Струмица. Денес имав можност да поразговарам со младите луѓе од Струмица. Подеднакво и тие ја споделуваат грижата за случувањата во нашата држава. Невработеноста и бесперспективноста се главниот проблем и тоа не само во Струмица, туку и во целата држава. Младите заслужуваат подобар третман и шанса за развој. И Владимир, и Елена, Александра, Љубинка, Ѓорги, Наско, Тимче и сите останати со кои се сретнав кај нив гледам огромен потенцијал и енергија, тие се нашата иднина заеднички да се избориме за подобра Република Македонија“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Во наредните неколку денови тој ќе ги посети и околните населени места и градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top