среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Кој е клучот на данската среќа?

Ибен Дисинг Сандахл е една од авторките на светскиот бестселер посветен на родителството и на воситувањето „Дански начин на воспитување“. По завршување на учителската школа, Ибен десет години работела во данскиот образовен систем, пред да ја стекне дипломата за наративната психотерапевтка. Таа е мајка на две девојчиња и гостуваше во Загреб, каде што ги сподели своите искуства за одгледувањето среќни деца и среќно општество.

Да бидеш среќен е најголема желба на секој човек и прво нешто на листата на приоритети. Но, многумина сметаат дека е тешко да се оствари тоа. Дали навистина е така или среќата ја бараме на погрешно место?

Да бидеш среќен значи да се чувствуваш добро и да живееш според начелата во кои веруваш. Има многу прични зошто Данска повеќе од 40 години е водечка земја на листата на најсреќни земји на светот, но никој тој успех не го поврзал со начинот на кој се одгледуваат и воспитуваат децата. Мислам дека тоа е клучот на нашата среќа – одгледување на генерација луѓе каде што ќе доминира чувството за емпатија и заедиштво.

Освен воспитувањето, што друго би издвоиле како основен предуслов за среќно општество?

Во Данска нема корупција, има утврден здравствен систем, функционираме као социјална држава и луѓето си веруваат едни на други. Полесно ни е, бидејќи не треба да се грижиме за овие основни аспекти на животниот стандард. Но, верувам дека чувството на среќа доаѓа длабоко од внатре.

Како што веќе рековте, Данска со децении е најсреќна земја на светот. Може ли родителите кои не се сметаат за претерано среќни, да одгледаат среќни деца?

Верувам дека можат. Прва задача нас како родители ни е да го согледаме нашето сопствено детство, она што било добро и она што не било толку позитивно. Треба да бидеме свесни за начинот на однесување кое го наследуваме и уверенијата за себе. Тие се клучни. Бидејќи ако ја смениме перспективата и погледнеме отстрана, ќе ја отвориме вратата за нови промени.

Многу родители имаат дилема кога станува збор за воспитување на децата, бидејќи сакаат да имаат пристојно и среќно дете, но истовремено се плашат дека тоа ќе биде издвоено и ќе биде малцинство, бидејќи овие особини најчесто се доживуваат како слабост.

На многу луѓе, спротивно од општото мислење, навистина се грижат за другите. Ние на децата сме им најдобар пример и тие ќе ги копираат нашите акции и реакции. Ако ние сме емпатични и тие ќе се обидат да бидат такви.

Данскиот начи на воспитување деца ја нагласува емпатијата како многу важна особина. Јасно е зошто таа корисна за развој на општествто, но зошто е важна за развој и успех на поединецот?

Важна е затоа што така доживуваме широк спектар на чувства. Полесно откриваме она што сами чувстуваме, но и како другите се чувстуваат. Така полесно ќе сфатиме зошто луѓето се однесуваат на одреден начин. Таквиот пристап на луѓето резултира со атмосфера на подобро меѓусебно разбирање во семејството, меѓу пријателите и деловното опркужување.

Освен тоа, емпатијата е еден од клучните фактори за лидерска и менаџерска способност. Кај децата е клучно да се развива таа особина со која всушност и се раѓаат. Константно треба да се развива и да се негува, за да не закржлаве.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top