понеделник, 28 мај 2018 | Вести денес: 29 ново

Првата голема набавка на СДСМ – криминална: „Шкодите“ на МВР купени со чешки пари преку партиски донатор

МВР не објави оглас, а подоцна не го објави ни договорот за набавка на возилата. Затоа никогаш немаше да дознаеме од која фирма ги купило „шкодите“, доколку информациите не се појавија на еден анонимен блог. Информации што подоцна МВР во целост ги потврди.

Со чешка донација од милион евра Министерството за внатрешни работи без тендер во октомври 2017 година купило 45 автомобили „шкода“ од фирма донатор на СДСМ, објави БИРН. Станува збор за фирмата „Делукс-ауто“ од Куманово, којашто се води во регистарот на донации на СДСМ за 2016 година.

Чешка ги донираше парите во јуни 2017 година, а договорот со „Делукс-ауто“ за набавка на автомобили „Шкода октавија“ бил склучен во септември. Автомобилите беа промовирани од министерот Оливер Спасовски и чешкиот амбасадор Мирослав Томан во декември.

Иако оваа зделка беше обелоденета утште во октомври, дека СДСМ преку институциите ги враќа парите на фирмите што ѝ донирале, целиот случај не доби поголемо внимание. Надлежните институции не ја истражија набавката, а претставниците на „Делукс-ауто“ од Куманово, фирмата-набавувач и донатор на СДСМ, и тогаш и сега не реагираат на обвинувањата.

МВР потврди дека „Делукс Ауто Куманово“, е фирмата од која купуваат возила

Министерството не објави оглас, а подоцна не го објави ни договорот за набавка на возилата. За бизнисите на Спасовски и за тоа која фирма ги купила „шкодите“ обелоденија свиркачи на анонимен блог.  Информации што подоцна МВР во целост ги потврди.

Дали од фирма блиска до СДСМ, ќе купува возила за МВР вредни милион евра?

Покрај кумановската „Делукс-ауто“, покана за преговарање добиле уште три компании што продаваат возила, тоа се овластените увозници на „мерцедес“ – „МакАутостар“, „бе-ем-ве“ – „Маккар“ и „Порше Македонија“, која меѓу другото е овластен увозник на „шкода“, од каде што „Делукс-ауто“ и ги набавува возилата што ги продава.

Од „Порше Македонија“ за БИРН велат дека целата постапка била транспарентна и затоа не поднеле жалба.


Целиот текст ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top