недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 56 ново

Тешко повреден возач во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Во 12,30 часот, вчера на патниот правец Битола – Прилеп, пред село Тополчани, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Мерцедес” со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.В. (62) од Ресен, и товарно моторно возило “МАН” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.М.(46) од Берово.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило С.В., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола.

Кај возачот од товарното возило констатирани му се телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top