петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Блумберг: Меѓу петмината најбогати луѓе на светот нема Европејци

Меѓу петмината најбогати луѓе на светот повеќе нема милијардери од Европа, објави Блумберг.

Претставниците на стариот континент не се во првата петорка, откако францускиот магнат Бернар Арно падна за две места, на седмата позиција во најновиот индекс на милијардери на Блумберг.

На прво место е Џеф Безос, сопственик на платформата за онлајн трговија Амазон, втор е Бил Гејтс, сопственикот на Мајкрософт, а на трето место е Ворен Бафет, американски инвеститор. На четврто место е Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, а петти е Мексиканецот Карлос Слим.

Индексот на милијардери е најнов показател за промените во прераспределбата на светското богатсво. Најмногу богатство е сконцентриран во Азија и САД.

Американците поседуваат 40 проенти од богатството од списокот, жителите на Азија 25 отсто, и потоа следуваат Европејците со 21 процент. Седум од десетте најбогати луѓе се Американци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top