недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Умре Оскар Гренинг, „книговодителот на Аушвиц“

Оскар Гренинг, уште познат и како „книговодителот на Аушвиц“, инаку осуден нацистички воен злосторник умре во 97-та година од животот, јавија германските медиуми. Веста за смртта на Гренинг ја потврди и неговиот адвокат.

Гренинг во 2015 беше осуден на четири години затвор за „соучесништво“ во смртта на 300.000 Евреи.

Гренинг негираше каква било своја вмешаност во масовните убиства, а тврдеше дека само ги сортирал и проценувал парите и скапоценостите одземени на логорашите, и ги испраќал во Берлин.

Гренинг умре пред да почне да ја издржува казната на која беше осуден.

Според весникот „Шпигл“, тој умрел на 9 март, а веста е објавена денеска.

Гренинг беше најверојатно единствениот преживеан нацистички злосторник на кого му се судело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top