среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 88 ново

Крвавиот пир на Рузвелтова заврши фатално за еден од директорите на програмерската фирма

Еден мртов и тројца повредени е епилогот на драмата која вчера се случуваше во фирмата „Стопански советник за информациски технологии“ на Рузвелтова 55 во Белград.

Многубројните полицајци вчера неколку часа вршеле увид, но и разговарале со вработените во оваа фирма, кои биле во објектот во моментот на пукањето. Како што неофицијално се дознава, убиениот Бранко К. бил еден од директорите на фирмата, и по се судејќи некој судир со него, влијел врз убиецот токму во него да го испука првиот рафал.

По една верзија убиецот добил отказ кон крај на минатата недела, а по друга тој сам си заминал после судирот со поранешен колега околу еден проект.

Ова е убиецот

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top