петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Во делови на Хрватска вонредна состоја поради излевање на реките

Во малиот град Хрватска Костојница прогласена е вонредна состојба поради излевањето на реката Уна, што предизвика поплава во местото.

Во Карловац утрово нивото на реката Корана беше на 779 сантиметри со тренд на раст од еден сантиметар во час, поради што е прогласена вонредна состојба. Водостојот на реката Купа утрово беше на 771 сантиметар.

И на подрачјето на реката Лика во Селиште е прогласена вонредна состојба.

Поради поплавите затворени се голем дел од сообраќајниците во областа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top