петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

Тепачка во авионот на „Лацио“ : Нани физички се пресмета со… (видео)

Лацио успеа да освои бод на гостувањето кај Калјари благодарение на неверојатниот момент на импровизација кој го имаше Чиро Имобиле во 95-та минута од средбата, а иако фановите на клубот од Рим можеа да бидат задоволни од начинот на кој се бореа нивните играчи на Сардинија, при враќањето кон италијанската престолнина имало еден немил инцидент во авионот.

Имено, во авионот со играчите и стручниот штаб на Лацио имало и одреден ден на страствени фановите на клубот кои редовно одат на гостувањата заедно со фудбалерите, а во дадениот случај, ова се покажало како иницијална каписла за започнување на драма и мешаница во авионот.

Еден фан на Лацио во неколку наврати му го побарал дресот на искусниот Луис Нани, а откако португалскиот репрезентативец одбил да го направи тоа, навивачот го удрил по грбот. На ова, крилниот напаѓач не останал рамнодушен и започнал физичка пресметка со фанот, а само обезбедувањето на клубот спречило уште поголем инцидент.

При слетувањето во Рим, оваа информација за медиумите ја потврдил портпаролот на Лацио, а фанот веднаш бил приведен од полицијата за извршување физички напад.

извор: derbi.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top