петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Почина легендарниот дизајнер Живанши

Модниот свет тагува за смртта на Убер де Живанши, омилениот дизајнер на Одри Хепберн, кој е најпознат по креирањето на иконското „мало црно фустанче“ коешто таа го носеше во „Breakfast at Tiffany’s“.

Славниот основач на модната куќа Givenchy издиша за последен пат на 91-годишна возраст.

Во соопштението од модниот бренд, тој е опишан како „џентлмен кој симболизираше париски шик и елеганција повеќе од половина век“.

Телентираниот креатор се пензионира во 1995 година, а неговото дизајнерско столче го наследија Џон Галијано, Александар МекКвин и Џулиен Мекдоналд. Од 2005 до минатата година, креативен директор на Givenchy беше Рикардо Тиши, кој неодамна и официјално го презеде кормилото на брендот Burberry. Моментално Клер Вејт Келер е задолжена за продолжување на приказната на Givenchy.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top