недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 3 ново

Министерот за внатрешни работи на Словачка поднесе оставка поради убиството на новинарот Кучиак

Словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калинак поднесе оставка од функцијата по политичкиот скандал предизвикан од убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучиак и неговата свршеница. Како што пишува ББЦ, овој чекор доаѓа по притисокот од помалиот владин коалициски партнер – „Мост-Хид“, кои ја условиле својата поддршка за коалицијата со заминување на Калинак од министерската функција. Ова е трета оставка во словачката влада по убиството.

Критичарите обвинуваа дека Калинак, под чија надлежност е полицијата, не може да обезбеди независна истрага за убиствата. Новинарот Кучиак истражувал корупција во највисоките кругови на власта пред да биде убиен заедно со свршеницата во неговиот дом.

Граѓаните на Словачка во петокот излегоа на масовен анти-владин протест поради бавниот напредок во истрагата за убиствата. Според медиумските информации, тоа се најголемите протести во земјата по падот на комунизмот во 1989 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top