четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 76 ново

Почина Живанши, дизајнерот кој ги ослободи жените од неудобни кроеви

Живанши е роден на 21 февруари 1927 година во француското гратче Бовазу. Благодарение на него, жените се ослободени од тесните и неудобни кроеви.

Младиот Ибер, на свои 17 години се преселил во Париз и се запишал на престижната Национална школа за ликовна уметност, а благодарение на големиот цртачки талент веднаш почнал да работи за некои од највлијателните модни дизајнери во тоа време.

Не му било потребно долго време да се осамостои. На 24 години отвора своја модна куќа и набрзо доживува голем успех. Во неговата прва колекција посебно се истакнува блузата со пуфкасти ракави наречена „Бетина“, а како инспирација за оваа креација послужила неговата прва муза, славната француска манекенка Бетина Грациани.

Но, друга муза го одбележала неговиот професионален и приватен живот. Додека во 1953 година со нетрпение ја очекувал првата средба со Хепберн, верувајќи дека доаѓа Кетрин Хепберн, во салонот влегла Одри Хепберн.

Таа беше амбасадорка на неговата модна куќа. Незаборавниот црн фустан од „Појадок кај Тифани“ до денес остана поим за чиста елеганција и софистицираност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top