недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Раул Гонзалес: Ќе морам нешто да менувам во одбраната

Вардар го најави последниот натпревар од лигашкиот дел на СЕХА, дома против Нексе утре во 17.45. Иако не постои резултатски притисок, Раул и ракометарите самите си влеваат мотивација за победа, за да ја завршат сезоната без пораз.

– Имаме мотивација да завршиме без пораз, а јас сум многу задоволен како досега одигравме во СЕХА. Минатата недела многу патувавме и сега ни останува овој последен натпревар. Денеска ќе се спремаме, утре сакам да одиграме добро, а потоа ќе имаме време да одмориме. Јас имам доверба дека играчите ќе играат како што знаат, со една силна одбрана. Знаеме дека сме фаворити, но мора да одиграме најдобро што знаеме, вели Раул.

– Мислам дека сите веќе се навикнаа да ја нападнат нашата одбрана, гледајќи ги натпреварите. Минатата сезона сите се чудеа на оваа одбрана и не знаеја како да не нападнат, но сега сите видоа како да играат и тоа е потешко за нас. До декември бевме супер, но од јануари наваму не сме добри и јас сум свесен дека мора нешто да променам за понатаму, признава Раул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top