вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 65 ново

Документарен филм со Путин: Наредив соборување на патнички авион пред ОИ (ВИДЕО)

Рускиот претседател откри дека во 2014 година наредил да биде соборен патнички авион за кој што стигнал извештај дека носи бомба која ќе биде фрлена на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во документарниот филм „Путин“, на новинарот Андреј Кондрашов, му откри дека на 7 февруари примил повик од безбедносните служби одговорни за Олимписките игри во Сочи, непосредно пред церемонијата на отворањето.

„Ми беше кажано – Авион на пат од Украина кон Истанбул е под опсада, киднаперите бараат да слета во Сочи“, открива Владимир Путин во документарниот филм.

Пилотите на турската авиокомпанија „Пегасус“ на авионот тип „Боинг 737-800“, кој што летал од Карков кон Истанбул, пријавиле дека еден од патниците има бомба и дека авионот мора да го промени курсот кон Сочи. Во авионот имало 110 патници, додека на стадионот на церемонијата на отворањето имало 40 илјади луѓе.

Путин открива дека побарал совет од безбедносните експерти кои што му рекле дека според вондредните процедури, во слични ситуации е предвидено соборување на авионот.

„Им реков – однесувајте се во рамките на тој план“, изјави Путин и додаде дека непосредно после тоа, пристигнал на стадионот со официјалните лица на Меѓународниот олимписки комитет.

Неколку минути подоцна, Путин примил уште еден телефонски повик во кој што бил известен дека станувало збор за лажен аларм, дека патникот бил во алкохолизирана состојба и дека авионот продолжил да лета кон Турција.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков во текот на вчерашниот ден потврди дека се точни наодите изнесени во документарниот филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top