недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан

Голманот на Наполи, Пепе Реина, се согласил да се пресели во Милано по завршување на сезоната. Договорот за шпански чувар на мрежата со „наполитанците“ истекува во јули, а тој веќе објави дека го напушти клубот.

Наполи му понуди договор за уште една сезона на 35-годишниот чувар, кој тој категорично одбил да го потпише. Според „Газета Дело Спорт“ од Милан веќе го информирале Наполи дека постигнале договор со Реина и дека ќе стане нивни играч во следната сезоната.

Договорот на Реина со „росонерите“ ќе биде до летото 2020 година за годишна плата од три милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top