недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 3 ново

Драма на „Рузвелтова“: Добил отказ на работа, почнал да пука, еден работник скокнал низ прозорец

На улицата „Рузвлетова“ во Белград број 55 се слушнало пукање во кое едно лице настрадало, а две се тешко повредени.

Како што пишуваат српските медиуми, Небојша С. (30) добил отказ од работното место пред неколку дена. Револтиран, дошол во просториите каде што некогаш работел и почнал на пука. Како што велат од МВР, тој испукал неколку куршуми во двајца работници, а третиот скокнал низ прозорец.

Напаѓачот успеал да побегне и се упатил кон својот стан каде што се обидел да се самоубие. Пронајден е во станот со тешки повреди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top