петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Изложба „Париски сигнатури“ за прославата на Франкофонијата во Македонија

Изложбата „Париски сигнатури“ ќе биде отворена во галеријата „Акантус“, на 16 март. На неа ќе се претстават избор на дела на десет македонски сликари, реализирани по нивниот престој во Франција и во Уметничката резиденција во Париз.

Изложбата се организира во соработка со галеријата „Акантус“ по повод прославата на Франкофонијата во Македонија и во рамките на одбележувањето на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу двете земји.

-Поводот за оваа изложба, сам по себе е значаен и нуди можност да се обѕирнеме кон минатото кое ќе нѐ доведе до сегашноста и ќе понуди еден пресек или синтеза на значајни ликовни ракописи со автохтона ликовна исказност. Поставката на изложбата е составена од веќе одржани или тековни уметнички настани на македонските уметници, кои ни даваат можност за миг да ја почувствуваме и апсорбираме париската атмосфера, преку оптичката перцепција која се случила и повторно нѐ враќа во трезорот на културните богатства на различности и на дијалог со Франција која е доживеана како сопствен мит. Духот на Париз е пренесен во јавноста преку делата на уметниците кои не познаваат граници и кои го врежале своето богатство на неповторливост во времето и просторот, вели сликарката Марина Лешкова.

„Многу ме радува оваа изложба. Таа нè потсетува дека пријателските врски помеѓу нашите две земји почиваат врз долга традиција каде што културната и уметничката размена зазема значајно место“, споделува Емануел Рембер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top