недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Што немаше до сега Чак Норис?

Легендарниот американски актер Чак Норис доби споменик во Загреб, кој беше откриен синоќа на полноќ, по огномет и организирано славење на неговиот 78-ми роденден.

Споменикот се наоѓа во загребската населба „Слобоштина“, а неговиот автор побара да остане анонимен, како што истакна „на барање на Чак Норис со кого сака да одржува добри односи“.

– Ова е прв споменик на Чак Норис во Хрватска, наведе организаторот на настанот Круно Локотар.

Тој изрази надеж дека градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, ќе го посети споменикот, бидејќи со доаѓањето на Чак Норис градот станал побезбеден

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top