недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

После моминската вечер на Меган Маркл, во кралското семејство настана општа збрка

До кралската венчавка останаа нешто повеќе од два месеца. Идната невеста Меган Маркл решила да организира моминска вечер, а на неа иако многумина очекуваа, не се појави Кејт Мидлтон.

Меган се решила за опуштена варијанта на прослава. Немало никакви пијанки и журка, туку ги одвела во спа центар и имале опуштено попладне.

Британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат  како идните јатрви не се поднесуваат и дека заради тоа Кејт не дошла на прославата. Од друга страна, има  и такви кои го правдаат потегот на Кејт, со оглед на тоа дека се наоѓа во седмиот месец од бременоста.

Сепак бременоста не ја спречува Кејт да учествува на јавни настапи, да посетува училишта и установи, но очигледно за Меган немала време. Интересно е дека на моминската вечер не дошла ни мајката на кралската снаа Дориа.

Меган и принцот Хари ќе се венчаат на 19 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top