среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Кражба во продавница за бела техника во Скопје

Непознат сторител извршил тешка кражба завчера во продавница за бела техника на ул. „Тале Христов“ во Скопје.

МВР информира дека кражбата во полиција ја пријавил А.Х. (28) од Скопје. Сторителот на кражбата скршил стакло од влезната врата и одзел два телевизора и еден лап-топ, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top