петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 74 ново

Шпанската актерка Пенелопе Круз доби „Цезар“

Шпанската актерка Пенелопе Круз ја доби престижната награда „Цезар“ за извонредно достигнување во светското кино. Наградата и ја врачи француската актерка Марион Котијар.

– Твојата работа во филмот од Педро Алмодовар” Враќање “е едноставно неверојатно, ова е највисокото достигнување за женска улога во светската кинематографија. Ти си актерка од целиот свет, ти си ѕвезда, ти си прекрасна и сјајна – изјави Котијар на доделувањето на наградата.

На церемонијата шпанскиот режисер Педро Алмодовар, во чии филмови Круз играла многу улоги, истакна дека актерката „зазема многу важно место” во неговиот живот.

Наградата „Цезар“ ја доделува Француската академија за кинематографски уметности и технологија од 1976 година. Именувана е во чест на познатиот скулптор-авангардо Цезар Балдачини, кој е автор на наградата – статуетка со тежина од 4,5 килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top