среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Изложба по повод 8 Март – „Жената во Македонија низ времето“

На 7 март во 12 часот, во атриумот на Сити мол во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Жената во Македонија низ времето“. НУ Музеј на македонската борба, НУ Археолошки музеј на Македонија и Ансамбл Македонија, организираат заедничка вонмузејска поставка на артефакти, носии и инсталации за жената низ различни периоди од историјата на Македонија.
Преку внимателно одбрани експонати, изложбата покрива период од праисторијата, па сè до поновата историја на жената во Македонија. Хронолошки ќе бидат престатвени осум археолошки експонати насловени како „Праисториските дами од Македонија“, шест историски инфотабли каде ќе биде претставена „Жената борец за државност и самостојност“ преку ликовите на Вера Јоциќ, Ибе Паликуќа, Естреја Хаим Овадија – Мара, Сирма Војвода, Константина Настева Бојаџиева – Русинска, како и пет експонати кои ја отсликуваат македонската жена низ фолклорот.
Покрај одбележување на Денот на жената, идејата на изложбата е да се презентираат музејски артефакти надвор од музејските простории.
Изложбата ќе може да се погледне од 7 до 14 март во атриумот на приземјето на Сити мол во Скопје, кој за оваа цел ќе биде адаптиран како музејска галерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top