вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Картел

Љупчо Златев, новинар

Колку и да има човек умерени ставови, колку и да сака да покаже некаква конструктивност во овие црни времиња, тоа е невозможно. Силеџиството на власта и нејзината јавна вербална и физичка агресија ги дразнат нервите и на најумерените, најсталожените и најмудрите.

Политичкото насилство им на ниво на некоја фашо организација од пред Втората светска војна, која не само што не го крие своето насилство туку и се гордее со него како тоа да преставува вредност за себе, идеолошка определба и програма за делување.

Да речеме, вчера градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ја кажа една од најсилеџиските мисли во нашата современа политичка историја „Да бе, партиски вработуваме. Па што? Не е тоа крај на светот!“. Замислете овие зборови некогаш да излезеа од устата на поранешниот градоначалник Коце Трајановски или пак од било кој политичар од ВМРО-ДПМНЕ? Колку невладини активисти ќе се самозапалеа? Колку протести ќе се организираа? Колку пара чевли ќе се оставеа пред Влада, затоа што нели младите си одат оти власта партиски вработува? Колку пресови ќе организираше СДСМ? Да, истата таа партија која ветуваше департизација на општеството, не само што сега прави партизација односно не силува, туку и кога не силува ни вели „Да бе, ве силуваме. Па што? Не е тоа крај на светот!“.

Евробирократите со години нѐ учат дека во нашата земја нема владеење на правото и ни подготвуваат некакви методи со кои би го решиле овој проблем. За кое црно владеење на правото говорат и тие и оние кои ѓоа ги спроведуваат реформите? Луѓе, во државава има еден ендемски хомосапиенс, кој го носи името Бекир Асани, тој хомосапиенс има дозвола да тепа полициски службеници кои подоцна сами кажуваат дека си ја удриле главата два-три пати од хаубата на камоион. Тој ендемски вид смее да претепува луѓе, како да речеме Тодор Петров и за тоа да не поднесе никаква одговорност, смее да пука во полиција (како во 2008) и ни казна да не плати за тоа, а не па затвор да лежи, тој ендемски вид на ништожно животно кое тепа старци и жени смее да тепа и новинари и никогаш да не одговара за тоа. За вакво владеење на правото говориме?

За која црна правна држава секој ден ни попуваат на телевизија кога во државава се пуштија на слобода свирепи убијци кои во 2013 на Велигден, на Смилковско Езеро свирепо убија 5 младинци од Радишани. Ми се смачува секогаш кога ќе прочитам и ќе чујам како просечно Македонче се дразни што една моја колешка новинарка била осудена на 1 година условен затвор за затајување на данок, а го нема нигде да крене збор против тоа што убијците на децата од Смилковско се шетаат слободно низ Скопје. Па добро, имате ли памет? Имате ли барем малку здраво и логичко резонирање да видите што е најголема закана за вас, за вашиот живот и за животот на вашите најблиски? Како резултат на Тиранската платформа, политички договор потпишан во друга држава, ослободени се свирепи убијци, а вас воопшто не ви е гајле, животите ви продолжуваат најнормално. Ќутите и трпите, баш ви е гајле, како што не ви е гајле и за тоа дека владата ги ослободи повратниците од ИСИС кои сечеле глави во Сирија и Ирак, а беа уапсени во 2015. Сега и тие монструми слободно ни се шетаат низ Скопје заедно со оние кои во радикалните џамии ги регрутирале и ги пратиле таму.

Ова слилеџиство, ова суспендирање на правната држава и законите почна со нелегалниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, тој човек надвор од секоја уставна, законска и деловничка процедура ни стана трет човек во државата.

Сега, оној кој беше силеџиски избран ќе практицира насилство. Ни спремаат гласање на Законот за јазици на насилен начин, со повторно суспендирање на правната држава и законите, со неразгледување на амандманите кои ги поднесе опозицијата. Она што планираат да ни го сместат неделава е една од најпучистичките одлуки во современата историја. Македонија ќе ја направат бинационална држава и око нема да им трепне.

На ВМРО-ДПМНЕ човек може да им замери за многу работи, но не може да им замери дека се партија без идеологија, дали кога се говори за економските политики или за општествените не е важно – ВМРО-ДПМНЕ е идеолошка партија. Од друга страна СДСМ и ДУИ имаат политичко портфолио на картел, како оние во Јужна Америка. Насилството и доминацијата над околината им се единствена политичка цел, владеењето им е цел за себе и за нив не постои светост. Не ги интересира ни закон, ни устав. За да останат на власт ги ослободија и оние од Монструм и оние од Исис, политички го прогонуваат Чавков за тероризам а не ги допираат сите 4рица кои биле под него а имале право на иста команда затоа што се од ДУИ. Иако ветуваа попис на него заборавија па сега без да знаеме колку Албанци живеат во државава ќе ја прават бинационална на секое можно поле.

Основниот извор на финансирање на јужноамериканските картели е трговија и производство на дрога. Во моментов немам докази за и нашиве да ги обвинам за истото, но повеќе мислам на начинот на кој тие делуваат отколку на оваа особина. Ама знаете, зошто и да не се посомневаме? Човек кој може во последните 10 години да претепа 2 јавни личности, 1 полицаец и да застрела двајца полицајци, а за тоа да не одговара, сигурно нема одговара и доколку се занимава со продажба на дрога, на големо.

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top