недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Стружанец заработи кривична: Провалил во куќа и украл злато, телефони и косилка на струја

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Во периодот од 08 до 12.02.2018 година, Н.М. со употреба на сила влегол во куќа на ул. „Ристо Крле“ во Струга и одзел поголема количина златен накит, косилка на струја и два мобилни телефони. На тој начин Н.М. се стекнал со противправна имотна корист од 185.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top