петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 74 ново

Скопјани пијат исправна вода

Скопјани пијат чиста и квалитетна вода. Квалитетот на водата е константен, контролиран и непроменет. Секојдневните контроли на водата ги извршува Центарот за санитарна контрола и надзор при ЈП „Водовод и канализација“, согласно закон и редовно ги известува надлежните органи во форма на извештаи и анализи за хемиската и микробиолошката исправност на диструбуираната вода, како и состојбата со резидуален хлор.

– Спроведувањето на пропишаните норми кои се усогласени со критериумите на ЕУ и СЗО ги изведуваат стручни и соодветно опремени екипи кои својата работа ја верификуваат пред инспекциските органи на соодветните министерства. Анализите се спроведуваат согласно светски признатите стандарди за што лабораториите се акредитирани пред нашите акредитациски тела. Ова подразбира и учество на меѓународни проверки на точноста и прецизноста во мерењата, информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top