среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго

Италијанскиот гигант Милан сака да го доведе младиот бразилски талент, Линколн од Фламенго, пишуваат италијанските медиуми.

Седумнаесет годишниот фудбалер се смета за една од најголемите надежи во Јужна Америка. Тој играше за својата татковина на последното Светско првенство до 17 години во Индија, каде постигна три голови во седум натпревари.

Милан е подготвен да плати 30 милиони евра за напаѓачот кој веќе има три натпревари за сениорскиот тим на Фламенго. Актуелниот договор на Линколн е до летото 2020 година и ако се помине според планираното, се очекува да му донесе на бразилскиот клуб сериозни пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top