недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Тинејџер од Тетово го фатиле додека краде во маркет, со татко му го пријавиле сопственикот дека го натепал

На 28.02.2018 година во 15.20 часот во Полициското одделение Теарце, 15-годишник од с. Слатино, тетовско, дошол заедно со неговиот татко Е.П. (49) и пријавил дека на 26.02.2018 година околу 21.40 часот во с.Слатино, додека вршел кражба со негови другари во колонијална продавница во селото, бил затекнат и физички нападнат од сопственикот на продавницата Џ.Ф.

Сопственикот ги затекнал малолетниците во моментот додека го вршеле делото. Дел од нив побегнале, а Џ.Ф. го фатил само 15-годишникот, по што неколку пати го удрил по лицето.

Според пријавата на Е.П., на местото на настанот пристигнале и двајца полициски службеници и едниот од нив го удрил неговиот син. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top