четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 79 ново

Нови моменти во истрагата за убиството на Мартин Јанушев

Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски изјави дека има нови моменти во истрагата за убиството на Мартин Јанушев кое се случи на 3-ти ноември во скопската населба Аеродром, а за што е осомничен Филип Секуловски кој истиот ден бил пуштен од затвор на слободен викенд и оттогаш е во бегство, јавува Телма.

– Има нови моменти од пред два дена, кои што се во фаза на обработка. Откако ќе бидат обработени тие нови моменти и доказни материјали, ќе одлучиме дали ќе го споделиме тоа со јавноста, изјави Лазе Велковски, директор на БЈБ, кој не прецизираше повеќе.

Според првичните информации, станува збор за технички детали и анализи кои може да откријат нови сознанија за движењето и комуникацијата на жртвата. Осомничениот Секуловски е во бегство. Веднаш по извршеното убиство избегал покрај сервис за перење на коли во близина на надвозникот кај Железничката станица, поминал под него и оттогаш исчезнал од видикот на безбедносните камери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top