петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Судот во Струмица криел тужби за неплатени сметки, граѓаните сега ќе ги плаќаат со камати

Над 2.000 тужби за неплатени сметки од 2005 до 2011 што Основниот суд Струмица со години ги криел од контролите, сега им ги испорачува на граѓаните должници, објави порталот „СДК“.

Сега граѓаните, не по нивна вина, ќе треба да ги платат овие заостанати сметки со каматите што се натрупале. Вкупните суми со последните испорачани тужби од овој суд се 10 до 20 пати поголеми од основниот долг, а има и такви од претпријатија кои веќе не постојат, како ЕСМ (Електростопанство на Македонија, сегашно ЕЛЕМ).

Еден дел од струмичани и од околината веќе поднеле тужби до Врховниот суд за судење во разумен рок, дел поднеле претставки до Народниот правобранител Иџет Мемети. Но, ни едното ни другото не може да ги спаси од обврските да ги платат огромните долгови, зашто Основниот суд Струмица воопшто не ги работел овие предмети. Има и такви, вели Народниот правобранител, кои уште не знаат дека имале тужби во судот и дека сега треба да платат огромни суми поради тоа што тие тужби биле криени во фиоки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top