среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, е задоволен што тимот игра се подобро, а доказ за добрата форма е синоќешниот триумф на гостувањето кај Рома од 0-2.

– Рома има многу добар тим и моравме да направиме големи напори да победиме. Вистината е дека изгубивме многу бодови од почетокот на сезоната, вклучително и под мое водство. Ние дури не го победивме Бенвенто. Сега сме посигурни, посамоуверени и дејствуваме како вистински тим, рече Гатузо.

Предводникот на „росонерите“ бара многу движење во текот на натпреварите, а упати пофалби на адреса на одбраната.

– Сакам да ја истакнам играта во одбрана, бидејќи уште еднаш одлично се справи со противничките фудбалери. Тоа е она што ме прави среќен, додаде Гатузо.

Милан го очекува меч со Лацио во италијанскиот куп, а потоа дои на мегдан со екипита на Интер и Арсенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top