вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Ратајковски се омажи облечена (ФОТО)

Контроверзна манекенка Емили Ратајковски (26) сега е мажена жена, а ненадејната венчавка со нејзиното момче Себастијан Бер-Меккрлард се случи само два месеци откако беше обелоденото дека повеќе не е со поранешното момче Џеф Маџид.

Емили објави на Инстаграм фотографија со непознат маж и во описот стави два емотикони со прстени. Потоа, манекенката и актерка на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии на кои објави дека штотуку се венчала, а голем дел од јавноста не ни знаеше дека таа воопшто е во врска со Себастијан.

💍ny💍

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

„Имам изненадување“, напишала Емили на фотографијата на која држи куче во нејзините раце.

„Се венчав денеска“, напишала на втората фотографија со новопечениот сопруг.

Веднаш следуваа коментари дали оваа убавица навистина се омажила, а таа за „Вог“ потврди дека е точно.

Судејќи според фотографиите на Инстаграм, Емили одлучила да биде неконвенционална невеста, односно да не носи бели венчаница туку костим во боја на сенф и голем црн шешир со вел од мрежа.

Емили и Себастијан се венчале во општината во Њујорк во присуство на само двајца пријатели. колегата-режисер на Бер-Мекклард, Џош Сефди како и кучето на манекенката. На венчавката и двајцата носеле костими – таа во жолт костим на „Зара“ кој чинел „само“ 200 долари, а тој во син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top