среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Домашни лекови за лекување испукани пети

Дали ви е срам јавно да ги извадите чевлите поради испуканите петици? Додека поминуваме многу време да се грижиме за нашето лице, нашите стапала најчесто се игнорирани. Токму недостатокот на грижа и хигиена предизвикува да испукаат петите.
Вашата кујна е богата со неверојатни производи со медицинска вредност што можат да ги лекуваат многуте секојдневни заболувања, вклучувајќи го и проблемот на испукани петици. Ние ви прикжуваме 10 лекови директно од вашата кујна за да ви помогнеме да ги добиете совршените петици што секогаш сте ги сонувале.

Листерин и оцет

Што да направите:
1. Подгответе мешавина од една чаша Листерин, една чаша бел оцет и 2 чаши вода.
2. Натопете ги стапалата во смесата 15 минути.
3. Отстранете ги нозете и исчистете ги со помош на камен за отстранување на мртвата
кожа.
4. Исплакнете со чиста вода.
5. Исушете ги и намачкајте ги.
Колку често: Повторувајте го секој ден до заздравување на вашите петици.
Зошто функционира: Листеринот содржи тимол и алкохол, кои помагаат во борбата против габите, ги лекуваат испукани нозе, ја смируваат кожата и ги третираат брадавиците. Благите киселини присутни во оцетот ја омекнуваат сувата и мртва кожа, што го олеснува масирањето.

Оризово брашно, мед и оцет

Што да направите:
1. Направете пилинг со мешање на 3 лажици оризово брашно, една лажичка мед и 2-3 капки јаболков оцет. Промешајте добро за да формирате густа паста.
2. Потопете ги нозете во млака вода околу 10 минути, а потоа нежно чистете ги со помош на пастата за отстранување на мртвата кожа.
Колку често: Повторете го процесот 2-3 пати неделно.
Зошто функционира: Оризовото брашно ја омекнува, прочистува и реминерализира кожата. Медот е природен антисептик кој им помага на испуканите нозе. Оцетот е лесна киселина која ја омекнува сувата и мртва кожа, што го олеснува ексфолирањето.

Банана

Што да направите:
1. Истолчете 2 зрели банани во мазна паста. Одберете зрели банани. Незрелите банани содржат киселина што е груба за кожата.
2. Нежно протријте ја пастата преку нозете, вклучувајќи ги ножните перничиња и страните на палецот. Држете ја смесата на нозете 20 минути.
3. По 20 минути, исплакнете ги нозете со чиста вода.
Колку често: повторете го ова секоја вечер пред спиење 2 недели или додека не сте задоволни
со резултатите.
Зошто функционира: Бананата е природен навлажнувач на кожата. Таа содржи витамини А, Б6 и Ц, кои сите помагаат да се задржи еластичноста на кожата и да се задржи хидрирана.
Мед

Што да направите:
1. Додајте една чаша мед во када со топла вода.
2. Впијте ги чистите нозе во мешавината и нежно масирајте 20 минути.
3. Нежно ексфолирајте ја кожата со помош на камен.
4. Исушете ги нозете и намачкајте ги со хидратантна крема.
Колку често: ова може да се прави редовно пред спиење.
Зошто функционира: Медот е природен навлажнувач, што значи дека вовлекува вода од внатрешните ткива до надворешните слоеви на кожата.
Растително масло

Што да направите:
1. Темелно исчистете ги нозете.
2. Исушете ги нозете користејќи мека крпа.
3. Нанесете дебел слој од растително масло на вашите петици и прсти.
4. Ставете еден пар чисти удобни чорапи, и оставете ги во текот на ноќта.
Колку често: Дневно пред спиење.
Зошто функционира: Растителните масла лесно се апсорбираат од кожата. Повеќето растителни масла содржат витамини како што се витамин А, Д и Е, кои помагаат да ја негуваат кожата и да создадат нови клетки.

Што да направите:
Пилинг со Вик

1. Пред да легнете да спиете, на нозете нанесете голем слој од Vicks VapoRub.
2. Масирајте 5 минути, а потоа облечете удобни чорапи (по можност памучни).
3. Измијте ги нозете со млака вода следното утро.
Колку често: Дневно пред спиење.
Зошто функционира: Vicks VapoRub содржи камфор, еукалиптус и ментол во база на масло од тарпентин. Овој тип на маст е смирувачки, со што се обезбедува влажност. Ментолот и еукалиптусот создаваат ефект на ладење.
Сода бикарбона

Што да направите:
1. Додајте 3 лажици сода бикарбона во чинија со млака вода. Добро измешајте додека содата не се раствори.
2. Натопете ги стапалата во оваа смеса 15 минути.
3. Отстранете ги нозете и нежно мешајте со пемза.
4. Исплакнете со чиста вода и исушете ги нозете со чиста крпа.
Колку често: Повторете ја постапката двапати неделно.
Зошто функционира: сода бикарбоната е ексфолиант. Ги отстранува мртвите клетки и исто така, поседува и антиинфламаторни својства. Сода бикарбоната исто така може да го неутрализира непријатниот мирис.
Гел од алое вера

Што да направите:
1. Потопете ги нозете во топла вода и исчистете ги со помош на камен за отстранување на мртвата кожа.
2. Исушете ги и нанесете дебел слој од алое вера гел на нозете.
3. Носете памучни чорапи и легнете.
4. Измијте ги со млака вода наутро.
Колку често: повторете го ова секоја вечер
Зошто функционира: Алое Верата содржи витамини А (бета-каротин), Ц и Е. Овие имаат антиоксидативни својства, додека холестеролот, кампестеролот, β-ситостеролот и лупеолот содржани во алое верата имаат антиинфламаторни својства. Лупеол исто така дејствува како антисептик и аналгетик.

Што да направите:
Вазелин и сок од лимон

1. Потопете ги нозете во топла вода околу 20 минути. Исплакнете и исушете
2. Додајте 3-4 капки свежо исцеден сок од лимон со една лажичка вазелин. Добро
измешајте.
3. Нанесете ја оваа мешавина на вашите петици и други испукани делови на нозете.
4. Носете пар волнени чорапи, и оставете ги преку ноќ.
5. Измијте ги со топла вода во утринските часови.
Колку често: редовно пред спиење.
Зошто функционира: Вазелинот дејствува како крем, а лимоновата киселина во сокот од лимон го поттикнува лупењето на кожата и обновувањето на нови клетки на кожата.
Морска сол

Што да направите:
1. Додадете половина чаша морска сол во млака вода.
2. Промешајте добро.
3. Натопете ги стапалата во неа 15 минути.
4. Прочистете за да ја отстраните мртвата кожа.
Колку често: 2-3 пати неделно.
Зошто функционира: Морската сол го намалува воспалението и ја омекнува кожата. Сулфатите помагаат да се ослободат токсините и тешките метали од клетките, ја олеснуваат болката и му помагаат на телото да ги елиминира штетните супстанци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top