петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Пријавете бездомник – МТСП апелира да им помогнеме да се засолнат од студот

Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на бездомништво во Црвениот крст и во центрите за социјална работа.

Како што соопштија од Министерството, апелот е поради неповолната временска состојба и минусните температури, а дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица.

Граѓаните ќе можат да пријават и да помогнат на бездомник на контакт телефоните на дежурните екипи во:

Скопје,

Црвен крст – 071 733 171, 023096 227

ЦСР-078 230 943, 076 381 762

Струга,

Црвен крст 070 249 733

ЦСР- 075 588 980

Битола,

Црвен Крст – 075 907 060

ЦСР- 071 342 492

Струмица,

Црвен Крст 070 253 441

ЦСР- 075 377 798.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top