петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 116 ново

Скандалот со неучеството на регионалната конференција е приватизирање на државата за свои лични потреби

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценувам за незрело и скандалозно однесувањето на потпретседателот на владата кој по сопствена оценка и поради причини кои никако не ја засегаат Република Македонија одлучил да не учествува на регионалната конференција на која се преставувани државите од Западниот Балкан и на која се разговара за европската интеграција на регионот, вели во своето обраќање до граѓаните претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија за жал пропушта добра шанса да се престави во регионот и да ги застапува своите интереси.

Приватизирањето на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели штети на интересите на државата.

Министрите во владата се платени од граѓаните да ги преставуваат интересите на Македонија и тоа е единствената и најважна агенда и обврска на секој еден функционер, истакнува тој.

Според Мицкоски ваквиот дипломатски скандал отвара повеќе дилеми:

1. Дали учеството на Самити во иднина ќе зависи од тоа кои држави се поканети во регионот и дали владата има донесено одлука за тоа?

2. Доколку се работи за изолирана одлука, дали владата ќе покрене прашање за одговорност за дипломатскиот скандал и каква ќе биде таа?

Ваквиот незрел однос е само приказ за општиот однос на владата кон интеграцијата на регионот каде како земја имаме целосна стагнација.

Владата покажува неспособост во секое поле и област и затоа мора да си оди, вели претседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top