понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

За здравје, среќа хармонија: Кој кристал ви одговара според хороскопот?

Љубителите на полускапоцените камења, кристалите и минералите тврдат дека секое камче носи одредено позитивно дејство во себе и дека често може да го најдете соодветното за вас според хороскопскиот знак.

вистинскиот кристал за вас е оној со кој ќе го почувствувате инстинктивно како свој.

Така, освен за позитивни дејства, овие камења совршено може да се вклопат и во накит и други модни додатоци.

Погледнете кои се најпопуларните полудраги камења, кристали и минерали:

Тиркиз – според древните верувања, овој камен позитивно влијае при справување со стравови, зависност, кожни болести, тешкотии со дишењето, а се верува дека го зголемува и либидото.

Најчесто, тиркизот се поврзува со хороскопските знаци Бик, Стрелец, Водолија и Риби.

Хематит – помага во одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, како и на одржувањето на притисокот и нивото на шеќер во крвта.

Со овој кристал се поврзуваат хороскопските знаци Овен, Вага, Скорпија и Јарец.

Горски кристал – овој чест, но и преубав кварцен кристал го стабилизира крвниот притисок, штити од зрачења, но и позитивно влијае на креативноста и инспирацијата.

Совршено им одговара на припадниците на знаците Овен, Рак, Лав и Јарец.
Цитрин – овој камен со жолта боја го подобрува менталното здравје, либидото и енергијата.

Им одговара на припадниците на хороскопските знаци Близнаци, Девица, Вага и Водолија.

Аметист – еден од најпопуларните кварцни кристали со прекрасна виолетова боја. Се верува дека носи среќа кај љубителите на игри на среќа, а и дека го чува репродуктивното здравје на жените.

Според хороскопот, овој камен одговара на Скорпија, Стрелец, Водолија и Риби.

Розов кварц – ја поттикнува самодовербата и го стабилизира емоционалниот стрес, а истовремено и ја подобрува циркулацијата. Се смета дека е наменет за луѓе кои се често под стрес.

Им одговара на Бик, Рак, Девица и Јарец.

Тигровото око – овој камен често бил користен во ритуалните церемонии против црни магии, а се верува дека позитивно делува при лечење на астма, бронхитис и мигрена.

Им одговара на Близнак, Рак и Стрелец.

црнобело.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top