вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 109 ново

Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија

Советот за безбедност при Обединетите нации по долги преговори во неделата усвои резолуција со којашто се бара триесетдневно примирје во Сирија, за да се овозможи доставување на хуманитарна помош во кризните подрачја.

Одлуката е донесена во време кога седми ден по ред е бомбардирана Источна Гута, последното упориште на сунитските џихадисти и бунтовници во близина на Дамаск, кои одбија примирје и често ја користат близината до сириската престолнана за ракетирања и изведување самоубиствени напади. Изминатата седмица, според бунтовничките извори, во текот на бомбардирањата загинале околу петстотини лица.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, во средата повика на итно запирање на тамошните „воени активности“.

Усвоениот текст кој стапува на сила „без одложување“ и кој беше менуван неколку пати бара „сите вклучени страни да ги запрат нападите“ во следните триесет дена. Целта на резолуцијата е да „овозможи доставување хуманитарна помош и медицинска евакуација на болните и најтешко повредените“. Покрај тоа, се повикува на прекинување на блокадите на местата Источна Гута, Јармук, ел-Фу и Кефраја.

„Ова не е договор за мир во Сирија, овој текст е исклучиво хуманитарен“, истакна Олаф Скоог, амбасадор на шведска која е коавтор на оваа резолуција со Кувајт. Посочи дека хуманитарните конвои и тимовите за евакуација се подготвени да тргнат.

И покрај првичното противење на Русија, којашто бараше резолуцијата да ги повикува и да гарантира прекин на огнот и од страна сите бунтовнички групации покрај тоа што е изоставена Исламската држава за која не се однесува прекинот на огнот, сите 15 членки гласаа за запирањето на судирите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top