петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Влезе во историјата: Новрешка е најуспешна нација на ЗОИ, подобра и од Америка

Норвешка ќе биде најуспешна репрезентација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, а скандинавската земја ќе влезе во историјата и според бројот на освоени одличја.

Во финишот на олимпијадата, Норвешка стигна до 38 медали (13 златни, 14 сребрени и 11 бронзени), со што е соборен рекордот кој досега беше во сопственост на Соединетите Американски Држави (37 медали), а беше поставен на ЗОИ во Ванкувер во 2010 година.

Норвежаните на последниот натпреварувачки ден ќе имаат можност да се борат и за израмнување на еден рекорд, односно 14 златни медали кој го оствари Канада исто така во Ванкувер. 13 златни медали имаат и Германците па и тие можат да се надеваат на истото, па дури и на соборување на рекордот бидејќи утре имаат шанси да се борат за злато во три финални дисциплини, меѓу кои и хокеарскиот турнир во машка конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top