недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Што ќе се случи ако изедете мувлосан леб?

Не секоја мувла е иста, а дали е нешто за јадење или не, зависи од бојата, како и од продуктот на која се наоѓа.

За разлика од расипана храна, таа не мириса, туку стои на врвот, со што не одбива да јадиме, особено леб.

Меѓутоа што се случува кога ќе изедеме таков леб?

Стручњаците велат дека нема едноставен одговор, туку дека ризикот по здравјето е еднаков ист како да пиеме вода од непроверен извор.

“Мувлата сама по себе не е отровна. Посојат бројни врсти, а само некои од нив можат да бидат штетни по здравје”, објаснува микробиологот Ранди Воробо од Универзитетот “Корнел”.

Мувлата не ја мирисајте.

Воробо истакнува мувлата никогаш не смее да се мириса, бидејќи тоа може да предизвика болест на дишните патишта. Лебот со мала количина на бела и сина мувла може да се спаси, но бидејќи лесно може да се прошири, трба да се исече еден сантиметар под мувлата, остатокот може да се јаде.

Лебот мора да се фрели ако има портокалова, жолта или црна мувла. Тие можат да бидат штетни и од нив може да ве боли стомак.

Што можете да јадете после отстранување на мувлата

Повеќе од овошјата се сигурни откако ќе се отстрани мувлата, бидејќи нивната киселост не дозволува да се развиваат штетни бактерии. Ако овошката е многу мувлосана најдобро е да се фрели.
Сирењето е густа маса со што под површината нема доволно кислород кој дозволува мувлата да се развие. За да бидете сигурни, можете да отсечете некој сантиметар повеќе.

Мувлата од џем или ајвар може да се отстрани со лажиче, но добро е да ја отстранете мувлата некој сантиметар повеќе за да бидете сигурни дека сте ги извадиле сите пори и да можете да ја јадете.

Што да се исфрли

Меки сирења. Овошјето откако е скапано. Ковчести плодови и семки. Месо, иако не есигурно дека ќе ја снема мувлата од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top