недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Истражувањата откриваат: Алкохолот го продолжува животот!

Што треба да направите за да живеете повеќе од 90 години? Да се храните здраво? Да вежбате редовно: Најверојатно, но ќе ви треба и малку вино. Барем така велат истражувањата спроведени на Универзитетот во Калифорнија кои ги испитувале 90-годишниците во САД од 2003 година.

Истражувачите ги анализирале дневните навики на 1.700 луѓе на возраст над 90 години и откриле дека кај оние кои консумирале околу 2 чаши пиво или вино дневно постоеле 18% помали шанси дека ќе доживеат предвремена смрт.

Но, зошто е тоа така? Причината не е баш јасна. Според авторот на истражувањето, доктор Клаудија Кавас, умереното пиење алкохол го продолжува животниот век.

извор: Кафепауза

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top