четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 70 ново

Лекарите во шок: 14-годишно дете снесло 2 јајца во ординација (видео)

Акмал вели дека редовно снесува јајца од 2016. година. Последните две јајца ги снесол пред очите на шокираните лекари, кои и натаму не можат да веруваат дека ваквo нешто е можно.

Тие се сомневаат и тврдат дека јајцата се намерно внесени во ректумот на тинејџерот.

Меѓутоа, таткото на детето тоа го демантира и вели дека неговиот син има големи болки во стомакот секогаш кога ќе дојде до овој феномен.

– Во последните две години во маки снесе 18 јајца, а со овие две последни кои ги снесе во болница, сега се вкупно 20.

– Кога го скршив првото јајце, внатре имаше само жолчка. Во второто само белка – вели неговиот татко.

Шокираните лекари го задржале Акмала на набљудување во болницата.

извор: koktel.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top