петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

Иванка Трамп во Јужна Кореја послужена со јадење со скриено значење (ФОТО)

Иванка Трамп и претседателот на Јужна Кореја Мун Јао-Ин имале заедничка вечера во рамките на нејзината посета на земјата на затворањето на Олимписките игри.

Бизнис инсајдер пишува дека на Иванка ѝ било сервирано јужнокорејско мени со „корејска храна дизајнирана да им биде вкусна на странците“. Меѓутоа, она што вечерале имало посебна симболика. Освен што домаќините внимавале хранатада биде кошер, бидејќи Иванка е Еврејка, ѝ го послужиле традиционалното корејско јадење бибимбап, приготвено од ориз, зеленчук, јајца и разми преливи и зачини.

-Бибимбап е јадење во кое рамномерно се измешани различни состојки и симболизира склад и хармонија, објаснуваат од Канцеларијата на јужнокорејскиот претседател.

Освен бибимбап Иванка јадела и салата од лотосов корен и круша, јујубе каша, печен тофу со посебна маринада, приготвен специјално за неа, смрзнати јагоди со три различни вкусови и сушено овошје каки.

Но, ова не е единствениот дел од вечерата кој симболизира склад. Покрај вечерата, на Иванка ѝ биле понудени црни вина од калифорниската долина Напа и бели вина од јужнокорејската покраина Чунгбук.

Пораката која сакале да ја испратат јужнокорејските домаќини ја означува соработката на САД и Јужна Кореја, но би можело да се однесува и на затоплувањето на односите меѓу Северна и Јужна Кореја.

јужнокорејскиот претседател четири пари се состанал со претставници на Северна Кореја во текот на Олимписките игри, а тамошните медиуми наведуваат дека Мун се надева дека Иванка ќе го убеди татка си, претседателот на САД Доналд Трамп, да ја посети Северна Кореја во рамките на дипломатските активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top