петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

Павлопулос од тенк упати силна порака до Македонија

Претседателот на Република Грција, Прокопис Павлопулос, вчера за време на посета во Јанина, каде што присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на 105-годишнината од ослободувањето на градот од османлиското владеење, упати јасни и строги пораки до Македонија и до Турција.

Тој качен на тенк, ги повика соседните земји да го почитуваат меѓународното и европското право.

„Ние Грците сме народ и нација на мир и демократија, знаеме како да се браниме кога е потребно и против сите… Грција е мирна сила која ги почитува своите пријатели, но никогаш не се плашеше од своите непријатели, а нејзините вооружени сили се во позиција да го докажат тоа во секое време“, рече Павлопулос.

За спорот со Македонија и тековните преговори, грчкиот претседател истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на соседната земја и НАТО, но нема да толерира иредентизам.

„Името што сакаат да го користат и кое е и во нивниот Устав е име што брутално ја фалсификува историјата и поради тоа зрачи со ирационалност, не е во согласност со меѓународното право, со Повелбата на НАТО и со европското законодавство“, изјави грчкиот претседател Павлопулос.

Павлопулос ја повика Македонија да ја почитува историјата и да го ревидира својот Устав за да се приклучи кон Европска унија и НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top